Bacteroidetes | |
---|---|
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Bacteroidota Krieg et al. 2012 |
Класи | |
Синоними | |
|
Bacteroidota или Bacteroidetes е колено составено од три големи класи на Грам-негативни, анаеробни или аеробни, стапчести бактерии кои не формираат ендоспори. Широко се распространети во животната средина, во почвата, водотеците, морската вода, како и во цревата и на кожата на животните. Bacteroidetes spp. се дел од нормален, здрав плацентален микробиом.[1][2]
Припадниците на класата Bacteroidia се најпознати, вклучувајќи го родот Bacteroides (честа бактерија во изметот на топлокрвните животни, вклучувајќи го и човекот), и Porphyromonas, група на бактерии кои ја населуваат човековата усна шуплина. Класата Bacteroidia порано се нарекувала Bacteroidetes; бидејќи до неодамна беше единствената класа во коленото, но името и беше сменето во четвртиот том на Бергејовиот Прирачник за Систематска Бактериологија.[3]
Некои членови на родот Bacteroides се патогени опортунисти. Членовите на другите две класи ретко се патогени за луѓето.
Ова колено понекогаш се групира заедно со Chlorobi, Fibrobacteres, Gemmatimonadates, Caldithrix, и морска група А формирајќи ја FCB групата како суперколено.[4] Во алтернативнот систем на класификација предложен од Томас Кавалир-Смит, овој таксон претставува класа во коленото Sphingobacteria.