MD.45 | |
---|---|
Жанрови | Панк рок хеви метал |
Период на активност | 1996 |
Издавачи | Слаб Рекордс Капитол Рекордс |
Соработници | Megadeth Fear Suicidal Tendencies Electric Love Hogs |
Поранешни членови | |
Ли Винг Дејв Мастејн Кели Лемју Џими Деграсо |
MD.45 е музичка група во која членуваат Дејв Мастејн и Џими Деграсо од Мегадет, како и Ли Винг и Кели Лемју. Името е добиено од обратните иницијали на Дејв Мастејн (MD) и обратните иницијали на Ли Винг (римскиот број VL на арабица се 45).[1]
Првиот и единствен нивни студиски албум The Craving го издале во 1996 година. Една декада подоцна, од Капитол Рекордс се решиле да го реиздадат целокупниот музички каталог на Мегадет. Во таа прилика, Мастејн го ремастеризирал и овој албум, но овој пат самиот тој се појавува како пејач. Оваа промена се должи на фактот дека обожавателите на Мегадет не ја прифатиле баш најдобро вокалната изведба на Винг. Првичното објаснување било дека од продукцијата ги немале оригиналните снимки на првото издание. Освен гласот, заменети биле и делниците на хармоника со нивно симулирање на гитара од страна на Мастејн.[2]