![]() | |
![]() Снимка на страница што работи на StatusNet | |
Изворни автори | Јуан Продрому |
---|---|
Програмери | StatusNet, Inc. |
Стабилно издание | 1.0.1[1] / 3 октомври 2011 |
Прог. јазик | PHP |
Опер. систем | повеќеподложен |
Јазици | над 25, вклучувајќи македонски[2] |
Вид | склопец за интернет-програми |
Лиценца | Affero GPLv3+[3] |
Мреж. место | status.net |
StatusNet (порано Laconica[4]) е опслужувач за микроблогирање со отворен код напишан во PHP кој го користи OpenMicroBlogging стандардот за интероперабилност помеѓу инсталации. Иако нуди можности слични на Twitter, StatusNet овозможува потенцијал за отворена, меѓуслужбена и дистрибуирана комуникација помеѓу микроблогерските заедници. Фирмите и поединците може да го инсталираат и да раководат со сопствена служба и податоци[5][6]. Посредникот[7] на StatusNet е достапен на разни јазици, вклучувајќи го македонскиот.
„...под условите на Општата јавна лиценца на ГНУ Аферо [Affero GPL], според објавеното од Фондацијата за слободна програмска опрема, верзија 3 на Лиценцата, или (по Ваш избор) било која понова верзија“.[мртва врска]